Почетна
Профил
Осигурителното брокерско друштво ПОЛИСА ПЛУС АД Скопје е основано на 22.06.2011 година со Решение од ЦРМ, по добивање на Решение бр. 09-530/2 од Агенција за супервизија на осигурувањето.
ПОЛИСА ПЛУС АД Скопје ги застапува клиентите кои имаат или сакаат да склучат договор за осигурување. Осигурителното брокерско друштво соработува со сите друштва за осигурување во Република Македонија и ги застапува сите видови (класи и подкласи) на осигурување.
ПОЛИСА ПЛУС АД Скопје во интерес на своите клиенти е достапна 24 часа во текот на денот, и заинтересираните можат во секое време да се обратат и да се информираат за некој вид на осигурување, да добијат одговор на нивните прашања, како и да склучат договор за осигурување доколку за тоа имаат потреба.
Kорпоративно управување
Управувањето на Друштвото се врши преку едностепен систем на управување. Со работењето управува Одбор на директори кој е составен од три члена, од кои еден извршен, еден неизвршен и еден неизвршен независен член.
Организациона структура
Работењето се извршува преку флексибилна динамична организациона структура. Контролата и експертска поддршка се врши од страна на Одборот на директори. Извршен директор на друштвото е м-р Марјан Николовски, кое е овластено лице за застапување и преставување на друштвото. Организацијата на застапниците-агентите во осигурување е така поставена да овозможува најдобра покриеност на пазарот и è во директна корелација со максимална искористеност на локациите, работното време и врвната услуга.
Вкупен капитал
Вкупниот капитал ПОЛИСА ПЛУС АД за застапување во осигурување изнесува 50 000 евра.
Трговска марка/лого , заштитена во Државен завод за индустриска сопственост