Одговорност

Осигурување од одговорност

Општа одговорност

Предмет на осигурување според условите за осигурување на одговорност од дејност е законската одговорност на осигуреникот за штета настаната со смрт, повреда на телото или здравјето како и оштетување или уништување на ствари на трето лице.

Со ова осигурување се покрива одговорноста за штета која настанала важи - или од дејност на осигуреникот, од поседување ствари, од правен однос, или од одредено својство како извор на опасност, што се одбележани во полисата за осигурување, односно во понудата за осигурување.

Осигурувањето исто така се однесува и на одговорност за штета од:

  • Зголемување на опасноста или проширување на осигурениот извор на опасности до кои дошло во текот на траењето на осигурувањето од дејност
  • Нов извор на опасности кој се појавува кај осигуреникот по склучување на договорот за осигурување од дејноста која се извршува (осигурување од нови извори на опасност)

Осигурување од професионална одговорност


Осигурување од професионална одговорност покрива штети настанати како пропуст и грешка при извршување на  професионална професија, кои може да имаат катастрофални последици на околината како смрт, телесна повреда или здравје и оштетување или уништување на опрема на трети лица, а сето тоа да остави сериозен негативен печат на Вашата кариера.

Со овој вид на осигурување може да обезбедите заштита во случај на граѓанска парница које е покрената од страна на Ваш клиент, заради професионална грешка или матерјална штета која сте ја предизвикале во тек на извршување на Вашата професијакако грешка при опереација, пропуст при составување на нотарски договор, пропуст при вештачење, проектирање и сл.

ОСИГУРУВАЊЕ ОД ПРОФЕСИОНАЛНА ОДГОВОРНОСТ:

  • Осигурувње од одговорност на НОТАРИ
  • Осигурувње од одговорност на ИЗВРШИТЕЛИ
  • Осигурувње од одговорност на АДВОКАТИ
  • Осигурувње од одговорност на СТЕЧАЈНИ УПРАВНИЦИ
  • Осигурувње од одговорност на ДРУШТВА ЗА РЕВИЗИЈА
  • Осигурувње од одговорност на ЛЕКАРИ И ВЕТЕРИНАРИ
  • Осигурувње од одговорност на ТУРИСТИЧКИ АГЕНЦИИ
  • Осигурувње од одговорност на ДРУШТВА ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ИМОТИ И ЛИЦА
  • Осигурувње од одговорност на УГОСТИТЕЛСКА ДЕЈНОСТ
  • Осигурувње од одговорност на ОВЛАСТЕН ГЕОДЕТ И ТРГОВСКО ДРУШТВО ЗА ГЕОДЕТСКИ РАБОТИ
  • Осигурувње од одговорност на СПОРТИСТИ

 

Последни вести

Евроинс Осигурување со нов производ на пазарот – ЕВРО КАСКО

На денешната конференција за медиуми одржана во просториите на Еврои...

Ребрендирање на АД Вардар во Триглав

Вардар Осигурување, член на групацијата Триглав од 2007-ма година, во ...

:: ПОЛИСА ПЛУС Скопје

ул.Народен Фронт бр.29/32 Скопје

:: ПОЛИСА ПЛУС Кичево

ул.Магистрален Пат бр.16 Кичево

:: ПОЛИСА ПЛУС Кочани

ул.Теодосие Паунов бр.111 Кочани

:: ПОЛИСА ПЛУС Гевгелија

ул.7/ми Ноември бр.58 Гевгелија

:: ПОЛИСА ПЛУС Неготино

ул.Индустриска ББ Неготино